Еурофарм Пелистер се засили со хрватскиот голман Филип Ивиќ
Ден откако договори соработка со македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер соопшти попладнево дека ја засили голманската позиција и со искусниот 31-годишен Хрват, Филип Ивиќ.
„Ни претставува особено задоволство што повторно во дресот на Еурофарм Пелистер ќе игра хрватски репрезентативец. Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на нашиот клуб“, се наведува во клупското соопштение.
Хрватскиот репрезентативен голман Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар од францускиот Шамбери, а со Еурофарм Пелистер потпиша договор на една плус една година.
Ивиќ, висок 195-сантиметри, кариера ја почна во Загреб, по што ги бранеше боите на полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко и на Шамбери. Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија.
Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на мај.
Ново на Сител
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
