Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
Стратешкото поврзување меѓу земјите од регионот и Европската Унија може да ги забрза интеграциите но и да донесе бенефит за секоја земја кандидат.
ЕУ е силно посветена на тоа Македонија што е можно поскоро да стане земја членка, затоа е најдобро е да има заедничка иднина под под заеднички кров со Унијата, порача евроамбасадорот Рокас на „Стратешка сигурност и стабилност“.
Покрај досегашните финансии за проекти кои ги добива Македонија, најави дополнителни 40 милиони за зајакнување на воените капацитети на Македонија.
За македонската владата стратешки приоритет останува развојот на коридорите 8 и 10 кои ќе донесат економски развој и политичка стабилност на државата.
Вицепремиерот Николоски порача дека инвестициите во патната и железничката инфраструктура значително ќе овозможи развој и стабилност на Македонија.
Не само инфраструктурата, енергетиката, потребно е зајакнување и на сајбер мрежата за безбедноста сметаат од Институтот за демократија.
Но приоритет останува политичката интеграција и откочувањето на преговорите.
До 2027 земјава има на располагање 750 милиони евра од планот за раст, кои зависат од спроведувањето на реформите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
