Еврокомесарот за одбрана предупредува: Воjната веќе не е незамислива
Вojната веќе не е незамислива, изјави денеска еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус на форум за безбедност во Брисел. Тој нагласи дека НАТО располага само со половина од предвидените средства за подготвеност.
– Се соочуваме со совршена бура: војната во Украина продолжува без изгледи за мир, рускиот претседател Владимир Путин не се стреми кон мир, а дипломатијата не дава резултати. Руската агресија се зголемува, а Путин планира напад врз земја од ЕУ. Повлекувањето на САД од Европа е реалност, иако остануваат во НАТО, рече Кубилиус, додавајќи дека Европа мора да ги замени САД во обезбедувањето на безбедноста.
Според него, цената за тоа изнесува 300.000 војници и еден трилион долари. – Мораме итно да се подготвиме за одбрана, иако не сме во војна, живееме во воени времиња. Путин нема намера да запре, предупреди тој, нагласувајќи дека подготвеноста е клучна за спречување на напад.
Кубилиус истакна дека военото производство е од суштинско значење, а инвестициите во индустријата се клучни за заштита од војна. Тој повика на „воен Шенген“ за олеснување на движењето на воена опрема во ЕУ и најави дека Европската комисија до крајот на годината ќе предложи мерки за ова. Во Украина, 80 отсто од целите се погодени со дронови, а Русија и Украина произведуваат по четири милиони дронови годишно, додаде тој.
Ново на Сител
-
Османи: Ние Албанците не сме гости во оваа земја, туку домаќини
-
Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите
-
Таравари: Скандалозно, во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци
-
САД го намалуваат бројот на службеници на Блискиот Исток поради зголемени тензии
-
Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница
-
Без вода корисниците од улицата „Осло“ во Карпош
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници