Европа се бори со недостиг на лекови, предупредуваат ревизорите
Бројот на лекови што беа во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година.
Недостатокот на клучни лекови во ЕУ веројатно ќе продолжи и во иднина, според извештајот на Европскиот суд на ревизори. И покрај контрамерките, останува ризикот дека некои лекови, вклучително и вообичаените антибиотици, повремено нема да бидат достапни.
Бројот на лекови што беа во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година – од јануари 2022 до октомври 2024 година, земјите-членки имаа критичен недостиг од 136 лекови, според извештајот.
Клаус-Хајнер Лене од Европскиот суд на ревизори побара ефикасно решение за овој проблем. Тој предупреди дека ЕУ е целосно зависна од Азија за вообичаени лекови против болки како што се парацетамол и ибупрофен. Една од главните причини за недостиг на лекови се слабите синџири на снабдување, според ревизорите од Луксембург.
Дополнително, европскиот внатрешен пазар на лекови е фрагментиран, а слободната трговија е ограничена. Европската комисија, која е задолжена за законските предлози во ЕУ, се согласува со повикот на ревизорот за посилна европска рамка. Комисијата изрази надеж дека земјите-членки и Европскиот парламент наскоро ќе го усвојат предложениот закон за решавање на проблемот со недостигот на лекови.
МИА
Ново на Сител
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа