Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе

Шеснаесет држави пријавија дека пронашле повеќе од 9.000 линкови со насилна екстремистичка и терористичка содржина на 47 социјални мрежи и платформи за игри, соопшти Европол.
Во соопштението се наведува дека во акцијата координирана од Единицата на Европска Унија за пријавување на интернет содржини (ЕУ ИРУ) при Европол, заедно со Шпанија, учествувале специјализирани единици од 16 држави.
Во операцијата откриени се содржини што промовирале џихадистички, десничарски, левичарски и анархистички насилен екстремизам и тероризам.
Според Европол, поединци, групи и организации користеле онлајн игри за ширење екстремистички и терористички наративи и поттикнување насилство.
Европол предупреди дека таквите активности би можеле да ескалираат во координирана пропаганда и регрутирање нови членови и следбеници, вклучувајќи млади луѓе и малолетници, како и да придонесат за нивна радикализација.
МИА
Ново на Сител
-

ТФТ минимално го совлада МКК Куманово
-

Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
-

Трамп: Војната во Иран практично е завршена од воен аспект
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на 9. Париски мировен форум
-

Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред на 129. седница, поднесени 2.158 амандмани
-

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
