Свет
22. May 2025 - 11:35

Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, изјави дека е „ужаснат од убиството на двајца вработени во израелската амбасада“ во Вашингтон.

Тој додаде дека Велика Британија го осудува „одвратниот, антисемитски злочин“.

И официјален Париз го осуди убиството, нарекувајќи го „одвратен чин на антисемитско варварство“.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро истакна дека „ништо не може да го оправда таквото насилство“.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го нарече „гнасен чин“, „најстрого“ го осуди и рече дека „во моментов мора да претпоставиме дека постоел антисемитски мотив“.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека неговата земја стои со Израел, осудувајќи ги „сцените на терор и насилство“.