Европските пратеници денеска ќе расправаат за погребот на Ратко Младиќ во Србија

Европскиот парламент денеска ќе расправа за погребот на воениот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, осуден за геноцид и други воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина, како и за величањето на воените злосторства во Србија.
Дебатата насловена „Погреб за Ратко Младиќ и глорификација на воените злосторства во Србија“ е предвидено да започне во 14:15 часот, а по расправата се очекува и усвојување резолуција.
Младиќ на 7 септември со државни и воени почести беше погребан на Топчидерските гробишта во Белград, што беше осудено од највисоките претставници на ЕУ, а еврокомесарката за проширување Марта Кос ја откажа посетата на Белград.
И известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, повика на преиспитување на продолжувањето на преговорите со Србија поради начинот на кој беше организиран погребот на Младиќ.
Ратко Младиќ (85) почина на 27 август во притворската болница во Хаг. Во 2021 година правосилно беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства во БиХ.
МИА
Ново на Сител
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
