Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“

Новата патека во Мадрид чија изградба е во тек за натпреварувањата во Формула 1 ќе го носи името „Мадринг“, објавија денеска организаторите на трката.
Мадрид следната година прв пат треба да биде домаќин на Големата награда на Шпанија и да остане дел од календарот најмалку до 2035 година.
Должината на „Мадринг“ изнесува 5,4 километри, а патеката се наоѓа на периферијата на шпанската престолнина во близина на градскиот аеродром „Барахас“.
Во нејзината изградба, која сè уште е во тек, се користени делници од постоечките патишта, но има и многу новоизградени делници. Патеката ќе има вкупно 22 свиоци.
Трката во Мадрид ќе ја замени Големата награда на Барселона, која е дел од календарот на Формула 1 од 1991 година.
Шпанската престолнина последен пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 1981 година на патеката Харама.
Ново на Сител
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
