Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“
Новата патека во Мадрид чија изградба е во тек за натпреварувањата во Формула 1 ќе го носи името „Мадринг“, објавија денеска организаторите на трката.
Мадрид следната година прв пат треба да биде домаќин на Големата награда на Шпанија и да остане дел од календарот најмалку до 2035 година.
Должината на „Мадринг“ изнесува 5,4 километри, а патеката се наоѓа на периферијата на шпанската престолнина во близина на градскиот аеродром „Барахас“.
Во нејзината изградба, која сè уште е во тек, се користени делници од постоечките патишта, но има и многу новоизградени делници. Патеката ќе има вкупно 22 свиоци.
Трката во Мадрид ќе ја замени Големата награда на Барселона, која е дел од календарот на Формула 1 од 1991 година.
Шпанската престолнина последен пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 1981 година на патеката Харама.
Ново на Сител
-
Уапсени две лица во Неготино и Кавадарци, возеле со по 1.81 и 1.95 промили алкохол во крвта
-
1336 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер
-
Два полициски хеликоптера го гасат пожарот во околината на Блаце
-
Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини
-
Трамп од денеска испраќа писма со нови царини до трговските партнери
-
На ГП Табановце се чека до половина час
-
Без струја дел од општините Сарај и Илинден