Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“
Новата патека во Мадрид чија изградба е во тек за натпреварувањата во Формула 1 ќе го носи името „Мадринг“, објавија денеска организаторите на трката.
Мадрид следната година прв пат треба да биде домаќин на Големата награда на Шпанија и да остане дел од календарот најмалку до 2035 година.
Должината на „Мадринг“ изнесува 5,4 километри, а патеката се наоѓа на периферијата на шпанската престолнина во близина на градскиот аеродром „Барахас“.
Во нејзината изградба, која сè уште е во тек, се користени делници од постоечките патишта, но има и многу новоизградени делници. Патеката ќе има вкупно 22 свиоци.
Трката во Мадрид ќе ја замени Големата награда на Барселона, која е дел од календарот на Формула 1 од 1991 година.
Шпанската престолнина последен пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 1981 година на патеката Харама.
Ново на Сител
-
МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени
-
Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“
-
Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа
-
Денеска е раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден)
-
Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца
-
Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград
-
Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда
-
Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари, охрабрувам да се пријават подготвените за овој процес