Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“

Новата патека во Мадрид чија изградба е во тек за натпреварувањата во Формула 1 ќе го носи името „Мадринг“, објавија денеска организаторите на трката.
Мадрид следната година прв пат треба да биде домаќин на Големата награда на Шпанија и да остане дел од календарот најмалку до 2035 година.
Должината на „Мадринг“ изнесува 5,4 километри, а патеката се наоѓа на периферијата на шпанската престолнина во близина на градскиот аеродром „Барахас“.
Во нејзината изградба, која сè уште е во тек, се користени делници од постоечките патишта, но има и многу новоизградени делници. Патеката ќе има вкупно 22 свиоци.
Трката во Мадрид ќе ја замени Големата награда на Барселона, која е дел од календарот на Формула 1 од 1991 година.
Шпанската престолнина последен пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 1981 година на патеката Харама.
Ново на Сител
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
