ФА го обвини судијата Кут поради коментарите за Клоп
Англиската фудбалска федерација (ФА) поднесе денеска тужба против фудбалскиот судија Дејвид Кут поради неговите коментари на адреса на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во видеото кое стана вирално минатата година.
Во ноември лани на социјалните мрежи протече видео од Кут во кое изнесе навредливи коментари за Ливерпул и нивниот поранешен стратег.
Кут беше отпуштен еден месец подоцна од судиското тело на Премиер лигата по „темелна истрага“ за неговото однесување.
Во февруари оваа година, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) му ги забрани сите судиски активности до јуни 2026 година.
Бидејќи Кут е разрешен од судиските должности просторот за казна е ограничен. ФА може да изрече казна, која би стапила на сила само доколку Кут се врати во светот на фудбалот.
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана