Фејсбук за три месеци затворил над две милијарди лажни профили

Проблемите на Фејсбук со лажните профили се сè поголеми, па така, според нивниот нов извештај за транспарентност, само оваа година социјалната мрежа затворила над две милијарди профили.
Раководството на Фејсбук соопшти дека оваа година има драстично зголемување на бројот лажни профили на оваа мрежа. Во текот на првото тримесечје од 2019 година, затворени се 2,19 милијарди профили, речиси двојно повеќе од истиот период лани. Во првиот лански квартал, биле угасени 1,2 милијарди профили.
Заменик-претседателот на Секторот за интегритет на Фејсбук, Гај Росен вели дека се работи обично за т.н. спамери и ботови кои, заради свои цели и агенди, се обиделе одеднаш да отворат повеќе профили.
Фејсбук може автоматски да ги угаси овие видови лажни профили во мигот кога тие се создадени.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
