Кошарка
9. February 2022 - 2:39
Фенербахче ја прекина низат од девет победи на Реал во Евролигата
Екипата на Фенербахче ја прекина низата од девет победи на Реал Мадрид во Евролигата.
Турскиот тим го победи „кралкскиот“ клуб со 66-51 во заостанатиот натпревар од 17 коло одигран во Истанбул.
Реал за кого ова е само четврти пораз во 24-те одиграни натпревфари досега, останува лидер на табелата со една победа повеќе од „литиот“ шпански ривал Барселона која е втора, додека трето пласираната екипа на Армани Милано кој синоќа славеше на гости кај Жалгирис (75-71) сега има има четири победи помалку од Реал кој има и еден одигран натпревар повеќе од „манекените“.
Веќе утре и задутре на програмата се дуелите од редовното 26 коло.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->