Фетел не сака Хамилтон да го сруши рекордот на Шумахер
Возачот на Ферари, четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел изјави дека не би сакал неговиот ривал од Мерцедес, Луис Хамилтон, да го престигне Мајкл Шумахер по бројот на шампионски титули во „Кралските трки“. Шумахер е најдобриот пилот во историјата на Формула 1 со седум титули, Хамилтон има една помалку.
– Се надевав дека можам да му одземам неколку победи на Луис, така што рекордот на Мајкл Шумахер ќе остане недостижен. Секако, и јас самиот би сакал да постигнам уште поголем успех од Шумахер. За жал, не бев во можност да го направам ова, но јас сум доволно зрел пилот за да ги разберам причините за тоа и да продолжам понатаму, изјави Фетел.
Во тековната сезона, по три трки, Хамилтон е прв во Генралниот поредок со пет бода повеќе од клупскиот колега Валтери Ботас.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
