ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство
Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.
„Фудбалот е универзален јазик кој поврзува луѓе и култури. Преку соработка со институции како ФФМ, сакаме да изградиме долгорочни партнерства кои ќе ја збогатат фудбалската сцена и ќе донесат нови можности за младите“, истакна претставникот на Ла Лига, Естебан Касадо, кој заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сороано Ортоз и заменикот шеф на мисијата во Скопје, Паула Навајо Гомез беа примени од претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Леонид Јандреоски.
Од страна на ФФМ, како што е соопштено, беше изразена благодарност за посетата и отвореност за конкретни проекти во иднина, во делот на едукација, размена на искуства и развојни програми инспирирани од позитивните примери на Ла Лига.
„Особено ни е важно што разговорите отворија простор и за потенцијална соработка во делот на едукација на млади тренери, во партнерство со шпански клубови во соработка со Ла Лига. Веруваме дека вложувањето во знаење и искуство е најдобар начин да обезбедиме одржлив развој на нашиот фудбал“, истакна генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јендреоски.
Претставникот на Ла Лига на средбата го промовираше проектот „Шпанско-македонскиот фудбалски речник“, илустрирано издание кое нуди широк фудбалски вокабулар на двата јазика и се користи како алатка за комуникација, едукација и поврзување меѓу навивачите и младите.
Ново на Сител
-
Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Негативен природниот прираст и во градските и во селските подрачја
-
Трамп: Израел се согласи со условите за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа
-
Американски извори открија дека Иран се подготвувал да го минира Ормускиот теснец
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода
-
Известителката на ПССЕ длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите во Србија
-
Сончево и топло до 38 степени