ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.
Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски,
„Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци. Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара“, соопшти ФФМ.
Ангеловски минатата недела остро го критикуваше раководството на ФФМ за одлуката Гоце Седлоски да биде назначен за нов селектор на националниот тим и побара ревизија на сите тренерски лиценци издадени од ФФМ, вклучувајќи ја и неговата, како и јавно да биде објавен регистарот во кој се запишани имињата на носителите.
МИА
Ново на Сител
-

Погодена американската амбасада во Кувајт
-

Орбан: Денеска ќе ги презентираме доказите за состојбата на „Дружба“, ќе ја прекинеме блокадата на Зеленски
-

Лариџани: Иран нема да преговара со САД
-

Трагедија во Иран: Паднала бомба среде натпревар и загинаа 20 одбојкарки
-

Иран започна напади врз нафтени капацитети во Саудиска Арабија
-

Израел го уби лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад
-

Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг за помалку од два месеца
-

Рана пролет годинава, во текот на денот до 17 степени
