ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.
Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски,
„Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци. Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара“, соопшти ФФМ.
Ангеловски минатата недела остро го критикуваше раководството на ФФМ за одлуката Гоце Седлоски да биде назначен за нов селектор на националниот тим и побара ревизија на сите тренерски лиценци издадени од ФФМ, вклучувајќи ја и неговата, како и јавно да биде објавен регистарот во кој се запишани имињата на носителите.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски оствари телефонски разговор со претседателот на ОАЕ
-

Зголемени безбедносни мерки на објекти од американски и израелски интерес во Грција
-

Меланија Трамп ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН
-

Откажани повеќе од илјада летови кон дестинации во Блиски Исток
-

Од денеска во ОВР - Кочани започнува враќањето на личните предмети од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Полициски пилот со фалсификувана дозвола управувал хеликоптер на МВР
-

Политико: Според Нетанјаху хаосот во Иран по смртта на Хамнеи би бил од корист за Израел
-

Погодена американската амбасада во Кувајт
