ФИА ќе ја истражува страшната несреќа на Грожан
Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) ќе поведе истрага за несреќата на возачот во Формула 1 Ромен Грожан, кој на чудесен начин мина само со полесни повреди, откако неговиот болид удри во заштитната ограда по што се преполови и запали на трката за Големата награда на Бахреин.
ФИА соопшти денеска дека ќе спроведе детална анализа на несреќата на возачот на Формула 1 тимот на Хас, укажувајќи оти ќе бидат потребно од шест до осум недели за конечни резултати од истрагата.
Директорот на ФИА за безбедност Адам Бејкер рече дека податоците кои во моментов се достапни „овозможуваат прецизно да бидат утврдени сите елементи на тоа што се случи“.
Французинот Грожан во страшната несреќа која се случи минатиот викенд мина само со опекотини на дланките, иако удри во заштитната ограда со брзина од 220 км/ч.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
