Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
Резолуцијата на СДСМ за црвени линии во преговорите со Бугарија јавноста ќе ја види до крајот на оваа недела. Како што најави опозицискиот лидер, целта е пратениците да се согласат дека по внесувањето на Бугарите во Уставот ново вето од официјална Софија ќе значи и крај на преговорите. Ја обвини Владата ги запрела преговорите и воопшто не е активна на полето на интеграциите
За да бидат блокирани, преговорите со Европската Унија прво мора да почнат, врати шефот на дипломатијата на социјалните мрежи
„Од нас нема да слушнете големи зборови без покритие и празни чекори во сегашноста. Нашата задача не е да нудиме изговори, туку резултати. Затоа ја движиме државата напред – таму каде што ѝ припаѓа: во Европа. И тоа не е слоган, туку реалност што ја градиме преку конкретни проекти: бесплатен роаминг за нашите граѓани во ЕУ, зелени ленти за нашите превозници, пристап до европскиот единствен систем за плаќање, партнерство во безбедноста и одбраната со ЕУ. Тоа се вистински реформи, а не празни флоскули.
Оттука, Венко е во право: зборувам и работам и за поевтин роаминг за македонските граѓани. Но зборувам и за зачуван идентитет, достоинство и гордост. И да, не зборувам за виткање кичма, за администратори, за договори под маса, за прифаќање уцени или ултиматуми, како што тие го правеа тоа. Тука има разлика – и граѓаните ја гледаат таа разлика.“ – порача Муцунски
Резолуцијата со црвените линии Филипче ја најави во интервју за Сител минатата недела. Речи си иста резолуција на предлог на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ собранието усвои во јули 2021 година. Една година подоцна Владата на СДСМ го прифати францускиот предлог со што билатералните проблеми со Бугарија и официјално станаа дел од преговарачката рамка.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар