Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва повторно апелира пратениците да ја потпишат предлог-резолуцијата поднесена од неговата партија за да се елиминираат, како што истакна, сите сомнежи за примање мигранти од Велика Британија во Македонија.
Филипче во гостување на ТВ Сител рече дека темата за мигрантите ја наметнаа релевантни британски медиуми, а Владата не ги демантирала.
-Зошто не ја потпишуваат нашата декларација, туку даваат друга во која повторно се манипулира со зборовите? Нека ја потпишат декларацијата што ја поднесовме и со тоа ќе ги расчистиме сите дилеми. Ние во ниту еден момент не сакаме да политизираме, ниту да добиеме некакви политички поени, туку сме само сериозно загрижени. Темата за мигрантите ја наметнаа релевантни британски медиуми кои во повеќе наврати кажаа дека постои договор меѓу нашата и британската влада тука да се носат мигранти за пари. Кога ние го видовме тоа, прво ја прашавме Владата, а кога видовме дека не одговара и почна да не напаѓа и информациите почнаа да излегуваат и во европски и во светски медиуми, тогаш интервениравме со многу чести прес-конференции. Владата во ниту еден момент не одговри, туку ги засили нападите врз мене лично и кон СДСМ, истакна Филипче.
Во предлог-резолуцијата на СДСМ, нагласи партискиот лидер, експлицитно стои дека Македонија нема да дозволи да се носат мигранти или економски работници од Велика Британија.
МИА
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
