Филков: Се уште немаме номинации од Собрание за работната група за Изборниот законик

До Министерството за правда се уште не се пристигнати номинации за формирање на работна група, потврди вчера на прес-конференција министерот за правда Игор Филков, одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик.
-Испратени се два дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година, а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните пратеници по што ќе формираме работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборниот законик, посочи Филков.
Изборниот законик, нагласи, е законско решение кое од моментот на неговото донесување заклучно со овие избори има претрпено околу 40-на измени кои заради нивниот парцијален пристап создаваат неконзистентност на целиот закон.
-За негово носење потребен е политички консензус од сите партии, додаде Филков.
МИА
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
