Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата

Новиот „Извештај за среќата во светот“ на Обединетите Нации ја рангираше Финска на првото место осма година по ред. Финците го оценуваат својот живот како особено задоволувачки со просечна оценка од 7,74 од можни 10 поени.
Овој, 13-ти годишен Извештај, објавен по повод Меѓународниот ден на среќата на ОН, ги рангира најсреќните и најнесреќните земји во светот, прашувајќи ги луѓето да го оценат својот живот на скала од 0 до 10. Студијата, објавена од Истражувачкиот центар за благосостојба на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија. Така, Костарика и Мексико за првпат влегоа во топ-10 државите.
Најсреќните 10 држави во светот се: Финска, Данска, Исланд, Шведска, Холандија, Костарика, Норвешка, Израел, Луксембург и Мексико.
Македонските граѓани се наоѓаат на 86-то место. Испитувањето на јавното мислење годинава опфаќа 147 држави и нации.
Џефри Д. Сакс, претседател на Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН, рече дека резултатите потврдуваат дека среќата е вкоренета во довербата, добрината и социјалната поврзаност.
- Од нас, како доблесни поединци и граѓани, зависи да ја пренесеме оваа витална вистина во позитивно дело, а со тоа да негуваме мир, учтивост и благосостојба во заедниците ширум светот, изјави Сакс.
Јан-Емануел де Нив, директор на оксфордскиот Центар за истражување на благосостојбата, додаде:
- Во оваа ера на социјална изолација и политичка поларизација, мора да најдеме начини да ги собереме луѓето повторно заедно „на маса“ - тоа е од клучно значење за нашата индивидуална и колективна благосостојба.
Непознатите се двојно пољубезни отколку што мислат луѓето, според Извештајот, бидејќи според посебен експеримент, голем дел од нив би вратиле изгубен паричник на сопственикот кого не го познаваат, наместо да го зачуваат за себе. Тоа посочува дека верувањето во добрината на другите луѓе е посилно поврзано со среќата, отколку што се мислеше.
Џон Ф. Хеливел, економист на Универзитетот во Британска Колумбија во Канада, и автор на извештајот, смета дека податоците од експериментот со паричникот покажал дека луѓето се многу посреќни живеат таму каде што мислат дека се грижат еден за друг.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
