Фирма од Свети Николе оштетена за 44.222 евра при компјутерска измама

Фирма од Свети Николе била мета на компјутерска измама. Штетата е 44.222 евра, а средствата биле уплатени за набавка на репроматеријали. Но, парите не пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија, туку трансакцијата била пресретната и средствата стигнале на непозната сметка во Португалија.Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип информира дека на 27.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе, 24-годишна жена од Свети Николе пријавила дека со компјутерска измама нејзината фирма била оштетена за сума од 44.222 евра.
- Имено, на 18.03.2026 вработена во фирмата направила нарачка на репроматеријали од фирма од Италија, а на 24.03.2026 добиле известување на електронска пошта од фирмата од Италија за промена на банкарска сметка со профактура во прилог, соопштуваат од СВР-Штип.
Посочуваат и дека на 27.03.2026 се извршиле девизно плаќање на новата сметка на италијанскиот добавувач, а подоцна добиле известување од банката дека плаќањето било извршено пред да се изврши проверка и одобрение на девизното плаќање од нејзината фирма, по што биле известени од фирмата од Италија дека комуникацијата била пресретната, односно трансферот на паричните средства не бил направен на нивната сметка, туку стигнале на непозната сметка Португалија.
Од СВР-Штип велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА
Ново на Сител
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Сите вработени во МВР ќе добијат повисоки плати за 2.470 денари
-

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци за случајот со Ивана Јовановска
-

Сиљановска - Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила Водно
-

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување
-

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините
-

Јапонија распореди ракетни системи со голем дострел во својата база во југозападниот дел на земјата
-

Сведок потврди дека во дискотеката „Пулс“ при котроли во неколку наврати биле затекнувани малолетници и оти сопственикот не соработувал
