ФК Арсенал од Тиват исфрлен од еврокуповите на 10 години
Фудбалскиот клуб Арсенал од Тиват е исфрлен од европските купови на 10 години поради наместени резултати. Како што пренесуваат медиумите од Црна Гора, тимот ќе треба да плати и казна од половина милион евра, а казнети се фудбалери и претставникот на клубот.
Фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добија доживотни казни за забрана за работа во фудбал, додека 10 годишни казни добија Четко Манојловиќ, Радуле Живковиќ и Душан Пулетиќ.
Казните се однесуваат на натпреварот од Конференциската лига одигран пред две години со Алашкерт. Арсенал Тиват како домаќин загуби со 6:1, а до 35.та минута резултатот бил 0:0. Обложувалниците примиле уплати од повеќе од 250.000 евра за играта „2+“ во првите 45 минути. Обложувалниците се обиделе да „се заштитат“, но некои не успеале.
Но, тоа не беше се, во второто полувреме почнале да стигнуваат уплати за 5+ и 7+, објави полска ТВП, пишуваат Вијести.
МИА
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот