FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
Flex Credit, еден од најдинамичните финансиски системи во Македонија, оваа година ја организираше својата годишна конференција во Струга каде пред сите вработени и менаџментот беа презентирани рекордни финансиски резултати за првото полугодие од 2025 година.
Со повеќе од 380 вработени и 65 филијали на Flex Credit низ Македонија, дополнети со мрежата од 40 филијали на Земи Пари, Flex Group ги обединува и Flex Broker - брокерско друштво кое преку партнерства со водечките осигурителни компании нуди најдобри осигурителни решенија, како и Flex Pay и NAN. Со ова, компанијата се вбројува меѓу најголемите финансиски работодавци во земјата и продолжува да го зајакнува својот пазарен удел воведувајќи нови услуги, сѐ со цел, да го олесни секојдневието на граѓаните.
Според податоците презентирани на конференцијата, компаниите бележат поголем раст од предвиденото, во споредба со истиот период лани. Паралелно, се проширува и мрежата на филијали, како и портфолиото на услуги преку Flex Pay, кое треба да донесе уште поголема дигитализација и побрзи трансакции за клиентите.
„Резултатите за првата половина на 2025 се најдобар показател дека сме на вистинскиот пат. Нашата стратегија секогаш била фокусирана на потребите на клиентите и на стабилен, одржлив раст. Верувам дека со тим како овој ќе постигнеме уште поголеми успеси во следните години. Овој јубилеј не го гледаме само како потврда на она што го постигнавме досега, туку и како поттик за сè што допрва следува. Со тим од повќе од 380 неверојатни луѓе, со стабилни резултати и со инвестирање во нови технологии, Flex Credit продолжува да го гради својот пат како лидер кој го дефинира финансискиот сектор во Македонија,“ истакна Горан Арсов, ко-сопственик на Flex Credit.
Компанијата најави и нови проекти во рамки на Flex Pay и дополнителни технолошки инвестиции, со кои планира да ја задржи лидерската позиција и да воведе иновативни услуги на пазарот. Flex Credit останува посветена на градење долгорочна доверба со клиентите и на одржување стабилно работно опкружување за сите свои вработени.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани да размислат дали ќе паднеме во замката која ја сервира ДУИ или ќе зборуваме за нови проекти
-
ЦУК: Два активни пожари, во НП „Јасен“ и во струмичко Сарај
-
Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС, ова не е тема за политички поени
-
Велес: Вработен во црква нападнал 66-годишна жена во дворот на црквата
-
Изминатиот викенд 1172 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 459 за брзо возење
-
Илија Танчев од Пловдив е исчезнатиот нуркач по кој се трага во Охридското Езеро | ФОТО
-
Протести за поддршка на палестинскиот народ на над 100 локации низ цела Грција
-
Повеќе од 11% од депортираните од Германија минатата година биле малолетници на возраст од 6 до 18 години