Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлог законот за санкции против Русија, што вклучува царини од 500 проценти за увоз на стоки од земји што купуваат нафта, нафтени деривати или ураниум од Москва, и тој сега оди во натамошна постапката, соопшти американскиот сенатор Линдзи Греам.
Објавениот закон ќе му овозможи на претседателот Трамп да ги казни купувачите на евтина руска нафта, за која сенаторот Греам вели дека „ја движи воената машинерија на Путин“.
Целта на мерката е да се намалат руските приходи од извоз на енергенси и да се одвратат земји како Кина, Индија и Бразил од заобиколување на американските санкции, објавува Фокс њуз.
Греам додаде дека гласањето за законот би можело да се одржи уште следната недела и дека очекува силна поддршка и од републиканците и од демократите.
Американските медиуми посочуваат дека планираното гласање е блиску, но дека законот е сè уште подложен на промени и би можело да се соочи со отпор во Конгресот.
Веста за поддршката на Трамп за новиот закон доаѓа по ескалацијата на односите меѓу Вашингтон и Москва, откако американските сили вчера го запленија танкерот „Маринера“ што пловеше под руско знаме поради кршење на санкциите.
МИА
Ново на Сител
-

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено
-

Мадуро од американски притвор: „Се справуваме добро, ние сме борци“
-

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Литванија и Малта со рекорден раст на туризмот во Европа во 2025 година
-

Укината забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража
-

Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег
