Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Македонија и во Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан, што, вчера и денеска, се одржува во Тирана, најави дека Европската Унија ќе отвори две „фабрики за вештачка интелигенција“ (центри за развој на вештачка интелигенција) во Западен Балкан.
-Ќе отвориме фабрики (центри) за вештачка интелигенција и за Западен Балкан. Ќе започнеме со две „антени“, една во Северна Македонија и друга во Србија“, како дел од поширока иницијатива за вклучување на регионот во технолошкиот развој на Европа. Ова ќе им овозможи на компаниите во сите шест земји од Западен Балкан да се поврзат со овие фабрики. Ова значи дека вашите компании ќе можат да пристапат до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука во регионот, изјави таа, пренесува АТА.
Фон дер Лајен додаде дека со други зборови, „компјутерската моќ на Унијата ќе биде на ваша услуга“.
-Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создаде во Европа. И сакам Западен Балкан да биде составен дел од неа. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе биде на ваша услуга, исто како што сакам иднината на вештачката интелигенција да се создаде во Европа, така сакам Западен Балкан да биде во нејзиното срце, потенцираше таа.
Според неа, пред десет години, Европа заостануваше во глобалната трка за компјутерска моќ, со само еден суперкомпјутер меѓу десетте најдобри во светот а денес благодарение на стратешките инвестиции, Европа има четири вакви суперкомпјутери на врвот на светската листа, кои се користат за развој на европски решенија во областа на вештачката интелигенција.
Таа, исто така, најави дека целиот регион ќе биде покриен со нова брза дигитална инфраструктура, што ќе им овозможи на компаниите од сите шест земји од Западен Балкан директно да се поврзат со европските центри за вештачка интелигенција.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека тарифите за роаминг меѓу Албанија и ЕУ ќе бидат укинати почнувајќи од следната година.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан во официјална посета на земјава
-

„Пуштете го, ние ќе му пресудиме”, родителите жестоко реагираа на барањето за домашен притвор на сопственикот на „Пулс“
-

Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува систем на отпорност и во приватниот сектор - обврските се заеднички
-

Најголем дел од жртвите во „Пулс“ се задушиле од јаглероден моноксид, дел починале од згмечување во стампедото
-

Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион
-

Пронајдени човечки стапалки стари 115.000 години
-

Научно истражување: Птиците имаат способност да го видат магнетното поле
-

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
