Фон дер Лајен: Шокантни беа сцените од погребот на Младиќ во Белград

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по повод погребот на Ратко Младиќ, осуден за геноцид и воени злосторства, изјави дека сцените од тој настан во Белград се шокантни, а елементите на официјална поддршка и присуството на одредени високи српски функционери на погребот се длабоко за жалење.
„Сцените од вчерашниот погреб на Ратко Младиќ во Белград беа шокантни. Ратко Младиќ беше осуден воен злосторник. Тој беше одговорен за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Почина додека отслужуваше доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница и други злосторства. Елементите на официјална поддршка и присуството на одредени високи српски функционери на погребот се длабоко за жалење. Тие покажуваат неуспех да се соочиме со темното поглавје од поновата европска историја и се во спротивност со вредностите врз кои почива патот на Србија кон Европската Унија.

Нашите мисли се со сите жртви на злосторствата извршени во земјите од поранешна Југославија“, напиша фон дер Лајен на X.
За Ратко Младиќ, поранешниот командант на војската на Република Српска, кој почина во Хаг додека каде издржуваше доживотна казна затвор за геноцид и воени злосторства, опело вчера служеше српскиот патријарх Порфирије со сослужение на епископи на Српската православна црква (СПЦ).
Меѓу оние што дојдоа да му оддадат почит на Младиќ беа српски министри, лидерот на владејачката коалиција во Република Српска Милорад Додик, потоа Данило Вучиќ, син на претседателот на Србија, рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко.
МИА
Ново на Сител
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
