Фон дер Лајен: Во Берлин сме за да ја обликуваме нашата заедничка енергетска иднина
Добро е да се видат сите партнери од Западен Балкан во Берлин, една седмица по мојата посета на регионот. Тука сме за да ја продлабочиме економската соработка. Почнувајќи од енергетиката.
Ова на Твитер го напиша претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, на почетокот на Самитот на Берлинскиот процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин.
– Нашиот пакет од една милијарда евра помош за Западен Балкан ќе ни помогне да ја обликуваме заедно нашата заедничка енергетска иднина, додава Фон дер Лајен во објавата на Твитер.

За време на Самитот ќе бидат потпишани и три регионални договори за мобилност, кои се однесуваат на признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите по медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти меѓу земјите во регионот.
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
