Македонија
15. November 2016 - 16:57

Фондот ги потсетува хронично болните да одат на преглед

Над 65.000 хронично болни лица добиле повик од вработени во Фондот за здравство дека треба да се јават на лекар за да им биде направена контрола. Во меѓувреме десетте тимови од ФЗОМ кои работат на овој проект ги советувале граѓаните со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања за компликациите доколку не водат грижа за здравјето.Од фондот велат дека повеќето кои биле исконтактирани изјавиле дека редовно ќе го посетуваат матичниот и ќе ги слушаат препораките.

Проектот  „Фондот се грижи за хроничните болни“ стартуваше пред 1 година, а Стефаноски најави дека ќе продолжи и наредниот период.