Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран
Франција, Германија и Велика Британија ги известија Обединетите Нации дека се подготвени повторно да воведат ограничувања кон Иран доколку не се врати на разговори со меѓународната заедница во врска со неговата атомска програма, пренесе “Фајненшл Тајмс”.
Шефовите на дипломатиите на таканаречената група Е3, односно Франција, Велика Британија и Германија, вчера испратиле писмо до ОН во врска со можноста за “брзо враќање” на санкциите кон Иран, објави “Фајненшл Тајмс”, цитирајќи го писмото до кое имале увид.
“Јасно ставивме до знаење дека доколку Иран не е подготвен да постигне дипломатско решение пред крајот на август 2025 година или не ја искористи можноста за продолжување, Е3 е подготвена да иницира механизам за брзо враќање на санкциите”, се наведува во писмото од страна на шефовите на дипломатиите на трите европски држави.
Опомената од Е3 доаѓа по “сериозните, искрени и детални” дискусии со Иран во Истанбул минатиот месец, првата директна средба по израелските и американските напади врз нуклеарните капацитети на државата.
Британските медиуми не успеаја веднаш да го потврдат извештајот, а владите на Велика Британија, Франција и Германија не одговорија веднаш на барањата за коментар.
МИА
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН