Свет
14. January 2026 - 10:58

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд

Франција на 6 февруари ќе воспостави Конзулат на Гренланд, согласно плановите реализирани минатата година, објави денеска министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро.

Тој нагласи дека Соединетите Американски Држави треба да прекинат со притисокот врз Гренланд.

„Напад врз друга членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане“, истакна Баро во изјава за РТЛ радио.

МИА