Франција-Мароко: Мобилизирани 10.000 полицајци, 5.000 од кои во Париз

Жералд Дарманан, министерот за внатрешни работи на Франција, најави распоредување на 10.000 полицајци низ цела Франција, од кои 5.000 во Париз, за полуфиналето на Светското фудбалско првенство, Франција-Мароко, кое ќе се игра утре, јави дописникот на МИА.
„Ќе бидат мобилизирани 10.000 полицајци и жандарми. 5000 во регионот на Париз, а особено околу Шанзелизе и 5000 надвор од парискиот регион“, изјави министерот за внатрешни работи пред Националното собрание, прецизирајќи дека Елисејските полиња нема да бидат затворени за сообраќај, и покрај барањето на градоначалник на арондисманот каде што се наоѓа авенијата Шанзелизе.
Од друга страна, додаде министерот, „од 18:30 часот несомнено ќе бидат затворени голем дел од портите на обиколницата“, како и неколку станици на метрото и на РЕР. Ова, продолжи Жералд Дарманан, „треба овие често семејни демонстрации на радост, да се стават во контекст на терористичка закана“.
Пред состанокот, дознаваат француските медиуми од полициски извор. префектите, исто така, беа замолени да организираат операции за посета на заедничките области (визби, покриви на згради, простории за ѓубре во кои најверојатно ќе бидат сокриени ракети за огномет, петарди или опасни предмети), особено во областите каде имаше инциденти минатата сабота. Префектите ќе мора да продолжат „со отстранување на канти за ѓубре, градежни бариери или кој било друг материјал што може да се користи како оружје по дестинација, во периметрите што се идентификувани како веројатно да примат голема толпа на крајот од натпреварот“.
Полициски извор додаде дека од префектите, исто така, било побарано „да го ограничат, во зависност од локалните услови, паркирањето и сообраќајот во областите со голема турканици за да го ограничат ризикот од несреќа или напад“.
Инцидентите избувнаа во саботата на 10 декември, по квалификациите меѓу Франција и Мароко, со 170 апсења во Франција, од кои 100 во Париз, според полициски извори и париското обвинителство. Околу 20.000 луѓе се собраа во вечерните часови на Шанзелизе, соопшти полицијата во Париз. Од 100-те уапсени лица, 80, меѓу кои 23 малолетни, беа приведени во полиција во главниот град, соопшти обвинителството.
Во вторникот 6 декември, насилството, исто така, се случи на маргините на победата на Мароко против Шпанија. Во Париз, на Шанзелизе, беа мобилизирани 730 полицајци. Многу возачи го блокираа сообраќајот додека полицијата мораше да интервенира за да ги спречи урбаните родеа.
Ново на Сител
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
