Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците

Околу 200 училишта во Франција денеска се затворени поради протестите на средношколците, изјави министерот за национално образование Едуар Жефре, оценувајќи дека влијанието на демонстрациите врз работата на училиштата се намалува во споредба со претходните недели.
Жефре за Франс Интер изјави дека некои училишта се затворени поради близината на рутите на демонстрациите, со цел да се избегне штета.
Мобилизацијата на средношколците влегува во третата недела, а за денеска се планирани демонстрации под називот „Чин V“, во пресрет на распустот за Денот на сите светци, кој би можел, како што е оценето, да го „ослаби замавот на протестот“.
Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, на протестите одржани на 8 октомври учествувале 71.500 луѓе ширум земјата, додека на 6 октомври демонстрирале речиси 256.000 луѓе.
Маршеви за денеска се најавени во Париз, Марсеј, Ница и Поатје.
Се очекува на протестите да им се приклучат и вработените во националното образование, на повик на шест синдикати.
Во меѓувреме, стотици студенти утринава го блокираа влезот на Универзитетот Пантеон-Асас во Париз, извикувајќи пароли против фашизмот и давајќи поддршка за протестите на средношколците.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
