Франција воведе право за асистирано умирање

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата.
Законот беше објавен денеска во Службен весник, и формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро.
Законот, што минатата недела беше прогласен за уставен од Уставниот совет со одредени резерви, им овозможува на одредени пациенти, под строго дефинирани услови, да си администрираат смртоносна супстанца во присуство на здравствен работник.
Доколку пациентот не е во можност сам да го изврши дејствието поради неговата физичка состојба, здравствен работник може да го стори тоа наместо него.
Правото е наменето за возрасни лица кои се француски државјани или долгорочни жители на Франција и кои страдаат од „тешка и неизлечива“ болест во терминална фаза.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп објави дека „е можен“ мировен договор со Иран
-

Средношколци и пратеници во Собранието ќе дебатираат за дезинформациите, социјалните мрежи и влијанието на вештачката интелигенција
-

Министерот Мисајловски ќе информира за покачувањето на платите во Армијата и одбраната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
