Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата

Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена.
- Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по завршувањето на топлотниот бран.
Температурите во Франција и понатаму остануваат необично високи. Осум департмани во западниот дел на земјата прогласија портокалов код за опасно топло време, што е без преседан за месец мај.
„Попладнево максималните температури ќе достигнат од 33 до 36 степени во департманите каде што е прогласен портокалов код за опасно топло време. На ниво на цела Франција, овој ден се очекува да биде уште потопол од вчерашниот“, предупреди денеска француската метеоролошка служба.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
-

Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
-

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат
-

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
