Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј

Членови на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден вечерва ќе одржат собир во чест на Дан Елкајам, кој го загуби животот во вооружениот напад што вчера се случи на плажата Бонди во Сиднеј.
Елкајам важел за омилен и исклучително надарен фудбалер и настапувал за тимот што се натпреварува во најсилната локална лига, а дел од клубот бил околу една година.
Нападот, кој според полицијата има елементи на тероризам, се случил за време на настан поврзан со еврејски празник, кога двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз присутните. Според официјалните информации, најмалку 16 цивили го загубиле животот, додека 42 лица се повредени и се хоспитализирани во повеќе болници во Сиднеј.
Заменик-претседателот на клубот, Лу Тасевски, изјавил дека целиот колектив е длабоко погоден од трагедијата и дека ќе се соберат за да си дадат меѓусебна поддршка. Генералниот менаџер и секретар, Луи Белевски, пак, го опишал Елкајам како исклучителна личност и силна инспирација за соиграчите.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
