Фудбалската асоцијација на Ирска ја повлече својата поддршка за реизборот на Инфантино

Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
- По состанокот на Советот на ФАИ, беше донесена одлука да се повлече писмото за поддршка што го испрати претходно оваа година. Потоа беше изготвено писмо до ФИФА во кое се објаснуваат причините. ФАИ е благодарна за поддршката на ФИФА за ирскиот фудбал, но неодамнешните настани поведоа сериозни загрижености во врска со управувањето, транспарентноста и недостатокот на значајни консултации.
Со оглед на предизвиците во управувањето што ФАИ мораше да ги надмине во последните години, ФАИ чувствува посебна одговорност да се залага и да ги поддржи најдобрите практики, се вели во соопштението.
Инфантино претходно се соочи со жестоки критики за намерата да обезбеди приватни инвестиции во компанијата што требаше да управува со натпреварите на ФИФА, вклучително и Светското првенство, и да продаде удели на инвеститори.
Дополнително, според „Телеграф“, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) разгледува истрага за однесувањето на Инфантино за време на неговите 16 години во организацијата, по откритијата во врска со плаќањата кон неговата наводна љубовница.
МИА
Ново на Сител
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
