Свет
16. јуни 2025 - 19:10

Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише

Лидерите на земјите-членки на Групата седум најразвиени држави (Г7) постигнаа согласност за заедничката нацрт изјава за конфликтот помеѓу Израел и Иран, но таа сè уште не е одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Според американската телевизија „Си-бе-ес њуз“ (CBS News), Трамп нема да ја потпише заедничката изјава на Г7.

Според нацрт-изјавата, Г7 повикува на деескалација на конфликтот, но нагласува дека Израел има право на самоодбрана. Исто така, се потенцира дека Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје. Нацрт-документот повикува на заштита на цивилите од двете страни, бара промоција на мирот, но и континуирано следење на иранските активности.

Денешната средба на лидерите на Г7 во Канада е во сенка на тензиите на Блиски Исток и загриженоста за потезите на Трамп.