Галевски е јунакот на Алкалоид во ремито со шампионот Еурофарм Пелистер

Со одбраната на седмерецот во последните секунди голманот на Алкалоид, Иван Галевски успеа да донесе еден бод за својата екипа на гостувањето кај првакот Еурофарм Пелистер – 26:26. Ова беше последниот дуел од 14.коло од Супер лигата, а два ривала по вторпат во првенството играат нерешено.
Почетокот на дуелот беше во знакот на битолчани, но Алкалоид брзо ја врати неизвесноста. На полувреме Е.Пелистер стигна до предност од четири разлика – 17:13. На почетокот на вториот дел домашната екипа стигна и до водство од седум разлика 23:16 (41.минута). Тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров во игра го внесе голманот Иван Галевски што беше најава за резултатски пресврт. До крајот на натпреварот Алкалоид успеа да ги изедначи резултатот и со голот на Игор Георгиев (6/6) изедначи на 26:26. Во последниот напад битолчани се изборија за седмерец, а ударот на Богдан Радовојевиќ, Галевски го одбрани.
Дејан Манасков кај Е.Пелистер со 9 голови беше најефикасен, додека кај Алкалоид Марко Стојковиќ постигна 8. Никола Митревски на голот на Е.Пелистер имаше 13 одбрани, додека Галевски заврши со 7 (два седмерци).
Вардар е прва на табелата со 28 бодови, пред Еурофарм Пелистер со 24, додека Охрид и Алкалоид имаат по 21.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
