Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки

И во новата сезона, едно од имињата кое ќе биде задолжено за сигурноста меѓу стативите на голот на РК Алкалоид е македонскиот репрезентативец Иван Галевски.
Подготовките со клубот во Маврово течат во полн ритам, а очекувањата од сезоната и на личен и на тимски план секогаш се највисоки, согласно со амбициите на клубот.
-Повторно сме заедно, работиме напорно и сега ни следи еден подготвителен период, преку кој се подготвуваме на технички и тактички план. Знаеме дека овие тренинзи и активности малку се потешки од вообичаеното, но мора да работиме и да ги следиме задачите на тренерот за да дојдеме до посакуваното. Работиме на сите сегменти на играта, се подготвуваме и кондициски, но мора овој ритам да го издржиме, затоа што сакаме да ја доживееме таа кулминација и да бидеме во посакуваната висока форма на крајот на месец август кога ни следи тежок старт на сезоната. Нашите амбиции се јасни, оваа екипа е составена да победува, па така ќе одиме на победа на секој натпревар во сезоната и да го прикажеме најдоброто од нас, изјави Галевски за клупскиот сајт на Алкалоид.
Тимот од Автокоманда мината сезона ја заврши на третата позиција во македонското првенство и го освои трофејот во Европскиот куп.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Кризата на Блискиот Исток е мошне сериозна, мојата борба е граѓаните да плаќаат поевтино од соседството
-

„Нема да нè снема“ – Осмомартовски марш за женските права во Скопје
-

Мицкоски: Македонија организира чартер летови за евакуација на граѓани од Дубаи, Катар и Кувајт
-

Околу 300 учесници од 17 земји на меѓународната трка „Крали Марко траилс“
-

21 кривични пријави поднесе МВР во последните две недели за сторени кривични дела во врска со семејно насилство
-

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција
-

Иран: Можеме да водиме интензивна војна со САД и Израел шест месеци
-

Приведен 39-годишник од охридско, во домот ја нападнал сопругата
