Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт

Русија засега не гледа знаци дека ЕУ може да понуди разумни предлози за преговори поврзани со Украина, изјави заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (ПМЕФ), пренесе ТАСС.
– Европа во целата оваа шема на преговори воопшто не фигурира. Не фигурира токму поради својата непријателска и деструктивна позиција кон Русија – изјави Галузин.
Тој додаде дека Москва не е затворена за дијалог.
– Доколку Европа има некакви конструктивни и разумни идеи, треба да ги изнесе и да ни ги предложи. Тогаш ќе видиме дали тие идеи заслужуваат внимание. Засега не се забележуваат никакви знаци дека Европа е способна да понуди разумни предлози – нагласи рускиот дипломат.
Галузин потсети дека руската позиција за преговорите и за изнаоѓање политичко и дипломатско решение за украинската криза е добро позната.
Тој повтори дека, според Москва, Русија не ги прекинала преговорите во 2022 година, кога, како што рече, бил близу договор прифатлив за сите страни. Галузин тврдеше дека иницијативата за прекин дошла од Европа, посочувајќи го тогашниот британски премиер Борис Џонсон.
– Ги имаме договорите од Енкориџ со САД и токму тие можат да станат основа за решавање на конфликтот – рече Галузин, додавајќи дека во тие договори Европа не се споменува.
Заменик-министерот изјави и дека Русија нема намера да ги сноси последиците од чекорите на Ерменија кон европска интеграција.
– Прашањето каде се движи Ерменија и со кого ќе ја гради својата политичка и државна иднина е легитимно. Но, ние не планираме преку неспорните придобивки и преференции што Ерменија ги има од членството во Евроазиската економска унија да ја плаќаме цената за нејзиното приближување кон ЕУ – изјави Галузин.
МИА
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
