Гардијан“: ЕУ разгледува план за членство без право на вето и укинување на едногласноста во одлучувањето

Европската Унија би можела привремено да им го одземе правото на вето на идните земји-членки за да ги спречи да се мешаат во надворешната политика на блокот, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во ЕУ.
Според весникот, Европската комисија сега разгледува план според кој новите членки нема автоматски да добијат овластување да ги блокираат одлуките за надворешна политика или други прашања што бараат едногласност. Мерката би можела да се применува неколку години по пристапувањето.
Предлогот за ограничување на правото на вето наводно бил покренат за време на преговорите со Црна Гора, која преговара за пристапување 14 години и се надева дека ќе стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година. Таа во моментов се смета за фаворит меѓу деветте официјални земји-кандидати за членство.
Доколку ова ограничување конечно биде прифатено, договорот за пристапување на Црна Гора подоцна би можел да послужи како образец за другите кандидати, тврди „Гардијан“, истакнувајќи дека мерката е на „ивица на правото“ и би морала да биде временски ограничена за да се избегне создавање членки на ЕУ од втор ред.
Германија, пак, поддржува построги ограничувања за неистомислениците од ЕУ и укинување на едноглансоста во одлучувањето. Предлогот на Берлин доаѓа во време кога Брисел постојано се мачи да ги протурка големите одлуки за надворешна политика, како што е огромниот заем од 90 милијарди евра за Киев, поради вградените правила за едногласност на блокот, како и отпорот од земјите-членки кои се противат на финансирањето на Украина.
Голем број претставници на ЕУ оттогаш повикаа на напуштање на принципите на едногласност на блокот, а германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул нагласи дека ЕУ со над 33 членки не може да продолжи да работи според правилата дизајнирани за помал блок.
Поранешниот комесар за надворешната политика на ЕУ, Жозеп Борел, слично тврдеше дека едногласноста го направила блокот ирелевантен во меѓународната политика, повикувајќи на формирање помала основна група членки што би донесувала одлуки за клучните политики на ЕУ.
Сепак, критичарите на овој обид го обвинија Брисел дека го користи конфликтот во Украина и дебатата за проширување за централизирање на моќта на сметка на националниот суверенитет. Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди дека укинувањето на правото на вето за фундаменталните прашања на ЕУ би било „почеток на крајот“ за блокот.
Ново на Сител
-

Уапсена директорката на „Комуналец“ Гостивар, приведени и двајца директори
-

Клековски: Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за случувањата во Гостивар
-

Собранието ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Мицкоски: Владата ќе испрати 60.000 литри вода за пиење во Гостивар, од градоначалникот па надолу сите треба да понесат одговорност
-

Гостиварскиот градоначалник не чувствува морална одговорност, го суспендира раководството на ЈП „Комуналец“
-

Акција на Task Force: Прегледани 197 возила и 295 лица, пронајдени 79 пакувања дрога и „Глок 17“
-

40-годишник со употреба на електрошок изнудил 110.000 денари од три жени во Пробиштип
-

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
