Македонија
22. October 2024 - 16:42

Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите

Собранискиот спикер Гаши доби кривична пријава за блокада на Законот за бранители од пратениците на Левица. Тие сметаат дека Гаши ја злоупотребил својата положба и не постапил согласно Деловникот да ја продолжи постапката за донесување на измените што ги предложи СДСМ за бранителите и покрај тоа што законското решение доби поддршка од мнозинството народни избраници. 

Предлагачите СДСМ пак, се уште ги разгледуваат опциите што им стојат на располагање за да го одблокираат законот.

Претходно од партијата на Филипче неколку пати го повикаа Гаши и Илире Даути да закажат комисиска расправа за законот. СДСМ испрати и  барање да се свика Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за да се одлучи дали Гаши го прекршил Деловникот со тоа што не ја закажува комисија откако Даути одби да го стори тоа. 

Од владејчката ВМРО-ДПМНЕ пак, велат сториле се за законот да ја заврши процедурата, а опозцијата тактизира.

Законот за бранители го помина првиот филтер, но албанскиот блок и од власта и од опозицијата отворено застанаа против, а со тактизирања ја блокираат и процедурата за негово конечно гласање и покрај тоа што ја има поддршката на повеќе од 61 пратеник.