Гаши ќе се сретне со досегашните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе оствари средба со досегашните претседатели на законодавниот дом.
Како што информира вчера, неговата идеја за ваква средба била за да се искаже почит кон нив, но и тие да ги пренесат своите искуства.
– Веќе имавме една средба, помеѓу првиот и вториот изборен круг. Идејата беше моја, да најдеме начин како да го искористиме искуството на поранешните претседатели на Собранието. Мислам дека тоа е бесценето искуство, кое за секој актуелен претседател на Собранието би било добро да го искористи. Како идеја ја искажав на тој состанок и видов дека сите поранешни претседатели беа согласни. На првата средба не дојдоа само Талат Џафери и Јован Митрески. Присуствуваа четворица поранешни претседатели. Не е нешто задолжително. Тоа е по нивна волја. Сите се поканети на средба, а утре ќе видиме кој ќе дојде. Ќе разговараме како тоа би го формализирале, да биде советодавно тело – рече Гаши.
Идејата има две компоненти, додаде тој, првата е да се искаже почитта кон нив, а втората е да се искористи нивното искуство.
– Ние и тој ден кога разговаравме, увидовме дека некои проблеми со кои тие се соочувале ги имаме и ние денеска – рече тој.
Гаши истакна дека слабо се користат искуствата на поранешните функционери, без разлика дали се претседатели на државата, премиери или пратеници. Неговата намера е овие средби да станат редовна пракса најмалку трипати во годината, но по потреба да може да се одржуваат и ад хок.
– Ние можеме да имаме идеолошки и партиски разлики, но кога сте вршеле таква битна функција, тогаш тоа е над идеологиите и политичките разлики. И тоа искуство што сте го стекнале не можете да го чувате само за себе. Тоа искуство треба да го пренесеме и да најдеме начин како да го употребиме – рече претседателот на Собранието Гаши.
МИА
Ново на Сител
-

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии
-

Ливерпул прв тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони
-

Сан Антонио го победи Портланд во првиот натпревар од плејофот, Вембањама постигна 35 поени
-

Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80
-

Научници развија сензор за откривање дијабетес преку дишење
-

Зеленски: Европа треба да разработи сопствен систем за противракетна одбрана
-

Артета: Премиер лигата почнува одново, Сити има натпревар помалку, Арсенал е три бода понапред
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
