Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешната работна средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, порача дека институцијата дејствува ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда и останува посветена на квалитетната дебата и унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Како што информираат од Собранието, Гаши ја запознал заменик-амбасадорката Варнс со ангажманот на законодавниот дом во исполнувањето на приоритетите од процесот на пристапување во Европската Унија. Тој подвлекол дека приоритет на Собранието останува создавањето простор за квалитетна дебата и донесување закони во согласност со демократските стандарди.
Важна тема на разговорот било и унапредувањето на процесите на дигитализација во Собранието, како предуслов за зголемување на функционалноста, транспарентноста и институционалната безбедност. Дополнително, соговорниците разговарале за значењето на парламентарната дипломатија и за зајакнувањето на соработката со меѓународните законодавни институции.
– Претседателот Гаши изрази искрена благодарност за континуираната американска поддршка, потврдувајќи уште еднаш колку е важно стратешкото партнерство со САД. Од своја страна, Варнс ги оцени неговите напори за градење мостови на разбирање меѓу политичките субјекти и различните заедници во земјата. На крајот од средбата, соговорниците повторно ја потврдија посветеноста за продолжување на блиската соработка во насока на зајакнување на демократијата, меритократијата и функционалните институции, како клучни вредности за иднината и демократскиот развој на земјата – стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
-

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
-

Шји: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници
-

Арагчи: Иран не поставува пречки во Ормуската Теснина
-

Нетанјаху на суд негираше дека има здравствени проблеми
