Македонија
30. јуни 2026 - 8:09

Гаши во официјална посета на Грузија и учество на 67. Генерално Собрание на ПАБСЕК

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на покана на претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, денеска и утре престојува во официјална посета на Грузија.

Делегацијата што ќе ја предводи претседателот на Собранието ја сочинуваат и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членки на Пратеничката група за соработка со Грузија во Собранието, како и заменик-генералниот секретар на Собранието, Ибуш Јусуфи.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши, покрај средбата со неговиот колега Папуашвили, ќе се сретне и со претседателот на Грузија, Микеил Кавелашвили, како и со премиерот Иракли Кобахидзе.

Претседателот Гаши ќе учествува и на пролетната сесија на 67. Генерално Собрание на Парламентарното Собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува во Грузија, каде меѓу другото, ќе има и свое обраќање.

 

МИА

Ново на Сител