Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
Индустријата за видео игри во Србија забележа раст на приходите од 22 проценти во 2024 година, со проценети вкупни приходи од 214 милиони евра, се наведува во годишниот извештај на Асоцијацијата во индустријата за видео игри на Србија.
Лани, бројот на работници во таа индустрија исто така е зголемен – од 3.419 во 2023 година на 3.596 во 2024 година.
Покрај зголемувањето на бројот на вработени, се зголеми и бројот на произведени игри во 2024 година. Така, во споредба со 2023 година, бројот на произведени видеоигри се зголемил за 14, односно од 30 на 44 игри.
Од 44 објавени игри, 17 се „Core Games“, т.е. оние направени за конзоли, додека 27 се за мобилни телефони.
Од компаниите вклучени во гејминг, 49 проценти имаат канцеларии надвор од Србија, главно во САД и Ирска.
Најмногу канцеларии каде што се произведуваат игри се наоѓаат во Белград (39) и Нови Сад (13), додека четири има во Ниш, две во Крагуевац и по една во Црвенка, Панчево, Вршац и Шабац.
Во Србија, 55 проценти од компаниите развиваат свои оригинални производи. Извештајот објавен од Здружението на индустријата за видео игри на Србија покажува дека игрите произведени во Србија (иако некои се создадени на друго место) биле купени или преземени речиси 300 милиони пати.
Истражувањето, исто така, покажува дека дури 78 проценти од студијата за игри користат вештачка интелигенција во своето работење, како и дека професионалец за игри работи во истата компанија во просек речиси пет години.
Во 2024 година, првите 10 српски компании во таа индустрија заработиле вкупно 19 милиони евра, а приходот по вработен изнесувал 66.000 евра.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски