Георгиески го повика Мерко да ги урива дивоградбите , тој му порача да не му се меша во Струга
Продолжува отстранувањето на дивоградбите долж Охридското езеро. Градоначалникот Георгиески најави дека во акцијата нема да биде поштеден никој и покрај тоа што одредени лица се обидувале преку политички и лични притисоци да ја избегнат правдата и го повика струшкиот градоначалник Мерко да се држи до законот и до она за што е избран.
Струшкиот градоначалник Мерко пак му возврати на Георгиески да не се меша во градот Струга кој како што вели се придржува до сите закони и уредби во итерес на граѓаните и развојот на туризмот
Од општина Охрид велат дека акцијата ќе трае до расчистување на последниот бесправен објект, нелегалните градби за кои се обезбедени правосилни решенија и се опасност по регионот ќе бидат рушени без селективност во постапувањето.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
